Достапни линкови

Образованите разведени родители прават најголеми проблеми за децата


Илустрација.

Илустрација.

Најчесто проблематични видувања имаме кај лицата со високо образование. Секој од нив мисли дека е во право, дека е упатен, дека законот може да му ги реши сите проблеми, без при тоа да води сметка на емоционалната поврзаност со детето, вели Сузана Митровска, психолог во Центарот за социјални работи во Куманово.

Стручниот тим во Центарот за социјални работи во Куманово надлежен за надминување на конфликтите во пореметени брачни односи, бракоразводи и остварување на непосредни и лични контакти на родител кај кого не е доверено детето или децата, укажува дека најгорливиот проблем е категоријата во остварување контакт помеѓу родител кај кого не е доверено детето. Тимот, како што вели психологот Сузана Митровска, настојува советодавно да работи со двајцата родители за да ги релаксира нивните меѓусебни односи, зашто лошите односи помеѓу разведените родители можат негативно да се рефлектираат врз развојот на детето. Често пати, додава Митровска, родителите на кои им е доверено детето се однесуваат како тоа да им е орудието в рака и како тие да можат да прават што сакаат, односно да манипулираат со детето и со другиот родител.
Односно сега јас ги имам децата и што сакам ќе правам со нив. Кога сакам ќе ти ги дадам, кога не - не. За тоа меѓутоа постои правен лек и според Законот за семејство во кој јасно е дефиниран и прецизиран односот родител-дете. Во текот на самиот развод настојуваме советодавно да делуваме. Постојат индивидуални и групни средби, а кога има потреба разговараме и со детето.

„Односно сега јас ги имам децата и што сакам ќе правам со нив. Кога сакам ќе ти ги дадам, кога не - не. За тоа меѓутоа постои правен лек и според Законот за семејство во кој јасно е дефиниран и прецизиран односот родител-дете. Во текот на самиот развод настојуваме советодавно да делуваме. Постојат индивидуални и групни средби, а кога има потреба разговараме и со детето.“
Сузана Митровска, психолог во Центарот за социјални работи во Куманово.

Сузана Митровска, психолог во Центарот за социјални работи во Куманово.


Стручниот тим помеѓу разведените родители посредува од самото раѓање на детето, до неговата полнолетност, односно до 18-годишна возраст. Кога децата се многу мали тие се згрижени кај мајката, а видувањата со таткото се поретки. Со раснењето на детето и видувањата се зачестуваат.

„Најчесто оставаме самите родители да се договорат затоа што тие најдобро ги познаваат своите деца и нивната емоционална поврзаност на детето со родителот кога се работи на остварување на личните и непосредните контакти со родителот кај кого детето не е доверено.“
Интелектуалната застапеност е различна. Нема правила. Најчесто проблематични видувања имаме кај лицата со високо образование. Секој од нив мисли дека е во право, дека е упатен, дека законот може да му ги реши сите проблеми, без при тоа да води сметка на емоционалната поврзаност со детето, со децата. Тука емоциите не постојат, постојат самодокажување, презентирање на законот и кој е во право, кој не, не сакаат да примаат совет од нас. Не викам дека не ги сакаат своите деца.

РСЕ: Се случува ли детето да не сака да оди кај родителот на кој не е доверено?

„Се случува. Најчесто ако поминал подолг период на раздвојување и родителот подолго време немал контакт. Во таков случај има период на прилагодување, средби во Центарот. Но има и манипулирање од родителот кој вели дека детето не сака да оди кај другиот родител. За тоа постојат санкции и изготвуваме решение кое со правен акт е регулирано, а предвидува и годишен одмор, надоместок на испуштено видување, а има период кој родител кога го зема детето и кога треба да го врати“, вели Митровска и додава дека и годинава, како и минатата, се разведени околу 200 бракови.

Со тоа што е зголемен број на пореметени брачни односи кои се потенцијални за бракоразводи. Меѓутоа се повеќе се зголемува бројот на проблеми со регулирање на видување. Според Митровска, во Куманово најповеќе се разведуваат Македонци, Албанците фиктивно се разведуваат, а кај Ромите процентот на разводи е најмал бидејќи тие главно живеат во вонбрачни заедници. Што се однесува до структурата по образованоста и проблемите со видувањата, Митровска појаснува:

„Интелектуалната застапеност е различна. Нема правила. Најчесто проблематични видувања имаме кај лицата со високо образование. Секој од нив мисли дека е во право, дека е упатен, дека законот може да му ги реши сите проблеми, без при тоа да води сметка на емоционалната поврзаност со детето, со децата. Тука емоциите не постојат, постојат самодокажување, презентирање на законот и кој е во право, кој не, не сакаат да примаат совет од нас. Не викам дека не ги сакаат своите деца.“

За разведените бракови кај печалбарите, Митровска вели дека тие на секои 3 месеци остваруваат контакти со децата и дека засега нема проблем за видувања.

„Можеби тоа и им одговара“, смета Митровска.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG