Достапни линкови

Судири меѓу властите и милитантите во Пакистан


Најмалку тројца војници и 23 милитанти биле убиени во судирите во северозападниот дел на Пакистан, соопштија тамошните власти. Борбите избија во областа Далаинеј во округот Оракзаи по должината на границата со Авганистан. Пакистанските трупи започна офанзива против милитантите и ја презедоа контролата на стратешките пунктови на планината. Во судирите има и десетици повредени. Оракзаи е една од седумте окрузи во полу-автономниот пакистански племенски појас, каде Талибанците и Ал Каеда имаат упоришта и ги користат за напади на цели во Пакистан и Авганистан.
XS
SM
MD
LG