Достапни линкови

Филе -ЕУ има проблеми, но проширувањето не смее да се запостави


Еврокомесарот за проширување Штефан Филе во Собранието на Македонија

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе во Собранието на Македонија

Eврокомесарот за проширување Штефан Филе изјави дека не е добро да се одолговлекува времето меѓу давањето на кандидатски статус и почетокот на преговорите за членство во ЕУ. Тој за информативниот сајт на ЕУ „Еуроактив“, изјави дека одолговлечувањето не е добро ниту за земјата-кандидат ниту за ЕУ.

„Во однос на поранешната југословенска Република Македонија, се подготвуваме за третата рунда од Пристапниот дијалог на високо ниво. Ако продолжи позитивниот тренд на успешно исполнување на поставените задачи, Европската комисија секако ќе препорача овој напредок да се одрази на европскиот пристап кон земјата“, изјави Филе.
Тој е оптимист во врска со европската перспектива на сите земји од Западниот Балкан, а особено за Хрватска и Црна Гора кои, според него, најмногу напредуваа на европскиот пат.
Филе вели дека во ЕУ во моментов има „сериозни проблеми“, но дека Унијата поради тоа не би смеела да се сврти самата кон себе, да ги запостави соседите и да го запре процесот на проширување.
XS
SM
MD
LG