Достапни линкови

Хиџаб- Асад контролира само третина од Сирија


Поранешниот сирискиот премиер Ријад Хиџаб.

Поранешниот сирискиот премиер Ријад Хиџаб.

Поранешниот сирискиот премиер Ријад Хиџаб, кој пребегна во Јордан минатата недела, денеска изјави дека режимот на Башар ал Асад контролира само 30 проценти од земјата. Хиџаб денеска за првпат се појави во јавноста. Тој за режимот на Асад вели дека се „непријатели на господ“ и рече дека режимот се урива и морално и финансиски и воено. Поранешниот премиер ги повика другите функционери да се приклучат на страната на бунтовниците. Во меѓувреме шефот на Агенцијата за хуманитарна помош на ОН, Валери Амос пристигна во Дамаск за да разговара за влошувањето на хуманитарната ситуација на цивилите во Сирија.
XS
SM
MD
LG