Достапни линкови

logo-print

Тачи - со Белград нема дијалог


Косовскиот премиер Хашим Тачи.

Косовскиот премиер Хашим Тачи.

Косовскиот премиер Хашим Тачи изјави дека нема да има дијалог со Белград, туку само средби какви што Косово има и со другите соседни земји, на кои разговорите може да се однесуваат само на нормализација на односите, а не на внатрешното уредување на Косово. Тој во интервју за приштински весник изјави дека нормализацијата на односите не може да се случи без средба на високо ниво. Според него на тие средби не може да се разговара за поинаков третман на Србите од северот на Косово во однос на тие од јужниот дел. За Тачи планот на Марти Ахтисари е најдобро можно решение.
XS
SM
MD
LG