Достапни линкови

Судири меѓу полицијата и млади луѓе во Франција


Француската полиција се судри со млади луѓе во северниот француски град Амиен. Во градот два дена траат судирите меѓу полицијата и младите, кои палат автомобили и градинки. Градоначалникот на Амиен Жил Демаили рече дека градот е запустен. Повеќе од 150 полицајци употребија солзавец и гумени куршуми за да се справат со демонстрантите кои фрлаат петарди и камења кон полицијата. Во судирите се повредени 16 полицајци. Судирите започнаа во неделата вечерта која полицијата уапси еден маж за „опасно“ возење. Очевидците велат дека апсењето било „бесчуствително“. Францускиот претседател Франсоа Оланд вети дека на насилствата ќе ми се одговори соодветно.
XS
SM
MD
LG