Достапни линкови

logo-print

Предупредување до Швеѓаните да бидат внимателни во Белорусија


Шведската амбасада во Минск издаде предупредување до Швеѓаните кои живеат во Белорусија, да бидат внимателни и претпазливи за време на патувањата и престојот во земјата. Шведската амбасада се одлучила на ваков чекор по добивањето на голем број на анонимни закани за нејзините граѓани во земјата. Спорот меѓу Белорусија и Шведска изби минатиот месец, откако авион ангажиран од страна на шведска организација испушти стотици мечињата со про-демократија пораки во Белорусија. Тоа доведе до протерување на шведските дипломати од Минск.
XS
SM
MD
LG