Достапни линкови

logo-print

Протести во Тунис за права на жените


Илјадници граѓани протестираат во главниот град на Тунис за правата на жените. Демонстрантите се против одредба во нацрт Уставот, според кој жените треба да ги „надополнуваат“ мажите. Тие сакаат на сила да остане законот од 1956 според кој се гарантира целосна рамноправност на жените со мажите. Околу 6.000 луѓе, претежно жени демонстрираат втор ден во центарот на Тунис. А протести има и во други градови. Со законот од 1956 година кој е прв од таков вид во арапскиот свет, се укина полигамијата и се укина практиката мажите да може да се разведат само ако три пати повторат дека се разведуваат од жената.
XS
SM
MD
LG