Достапни линкови

„Аман“ од поскапувања


Граѓанската иницијатива „Аман“ во повеќе градови ќе протестира против поскапувања на струјата, парното и горивата.

Граѓаните кои самоиницијативно се собраа на социјалните мрежи под мотото „Аман, доста е“ денеска во 18 часот ќе протестираат пред Регулаторната комисија за енергетика на плоштадот Пела, поради новите поскапувања на струјата, парното и горивата.
Револтирани и гневни од новите одлуки на Регулаторната комисија за енергетика, ние група на граѓани самоиницијативно се собравме преку социјалните мрежи и одлучивме да започнеме со процесот на самоизборување за нашите права. На неколку одржани средби дојдовме до заклучоци дека сето ова што се прави е само уште еден арач врз грбот на граѓаните.
Александар Гочев, граѓанска иницијатива „Аман“.

„Револтирани и гневни од новите одлуки на Регулаторната комисија за енергетика, ние група на граѓани самоиницијативно се собравме преку социјалните мрежи и одлучивме да започнеме со процесот на самоизборување за нашите права. На неколку одржани средби дојдовме до заклучоци дека сето ова што се прави е само уште еден арач врз грбот на граѓаните“, вели еден од членовите на групата Александар Гочев.

Нивните барање се да се да се врати евтина дневна тарифа на струјата, да се врати цената на струјата на ниво од 2008 година, да се укине ставката ангажирана моќност од 33 проценти, како и да се инвестира во одржливи извори на енергија, да се повлече новиот правилник на Топлификација, да се врати цената на парното на ниво од 2008 година, да се намалат цените на горивата во согласност со стандардот на живеење и да се запре со приватизација или докапитализација на целиот енергетски сектор кој е во сопственост на Македонија. Гочев ги повика граѓаните што помасовно да се вклучат на протестите за да се направи притисок да бидат прифатени нивните барања.

„Ние се надеваме бидејќи за тоа и сме собрани, ќе видиме значи, со секој нареден протест ќе видиме како ќе се одвиваат работите, дали ќе има реакции од овие институции. Доколку добиеме позитивен одговор и влеземе во преговори, се надевам дека ќе успееме да се избориме за сите овие барања.“

Од граѓанската иницијатива најавуваат дека ќе протестираат секој нареден вторник и во повеќе градови низ земјава сè додека не ја остварат нивната цел. Струјата во последно време беше поскапена околу 25 насто, горивата за 10, а парното околу 3 насто. Граѓаните стравуваат дека зголемувањата на цените ќе продолжат и натаму.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG