Достапни линкови

Одликување од претседателот Иванов за Националната гарда на Вермонт


Илустрација

Илустрација

Претседателот Ѓорге Иванов по повод одбележувањето на 20 годишнината од АРМ, донесе указ со кој се одликува Националната гарда на Вермонт, САД со орден за воени заслуги за особен придонес во успешното остварување и унапредување на односите и соработката меѓу вооружените сили на Соединетите Американски Држави и на Република Македонија и нивно заедничко учество во меѓународни мировни мисии.
Иванов, истовремено испрати писмо и до Мајкл Дуби, во кое му го честита неговото унапредување во генерал-полковник и преземањето на новата функција - заменик командант на северната команда на Соединетите Американски Држави.
Во писмото се посочува дека генерал-полковник Дуби, даде исклучителен придонес во развојот на партнерството меѓу АРМ и Националната гарда на Вермонт, преку вградувањето на македонските војници во Националната гарда на Вермонт, во рамки на мисијата ИСАФ во Авганистан. Со тоа, тој придонесе и за зајакнување на врските меѓу народите на Република Македонија и САД.
- Не постои поголем доказ за партнерство меѓу два народа од тој кога војниците на тие два народи рамо до рамо се борат за исти вредности, стои меѓу другото во писмото од претседателот Иванов.
Шефот на државата подвлекува дека главен приоритет на Република Македонија од нејзината независност е полноправно членство во НАТО.
XS
SM
MD
LG