Достапни линкови

Хуманитарна катастрофа во Сирија?


Валери Амос во Дамаск

Валери Амос во Дамаск

Шефот за хуманитарна помош на Обединетите Нации, Валери Амос, пристигна денеска во Дамаск на разговори за тешката ситуација на цивилите кои се расселени или заглавени во местата каде што има борби. Предвидено е Амос да се состане со сиријски владини претставници, а според Обединетите Нации, целата на посетата е да се сврти вниманието на светската јавност врз се потешката хуманитарна ситуација во Сирија. Според проценките на ОН, има најмалку 150.000 сиријски бегалци во соседните земји.
XS
SM
MD
LG