Достапни линкови

logo-print

По Лондон, Олимпијадата на непознат терен


Олимпиското знаме на аеродромот во Рио де Жаниеро, домаќинот на Олимписките игри 2016.

Олимпиското знаме на аеродромот во Рио де Жаниеро, домаќинот на Олимписките игри 2016.

По одличните Летни Олимписки игри на веќе за нив познато место, Лондон по трет пат им беше домаќин, тие се селат на неиспитана територија. Имено, никогаш досега Игрите се немаат одржано во Јужна Америка.

„Ова беа среќни и славни Игри“, изјави претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Жак Рог на крајот од годинашната 30 Олимпијада во Лондон, градот кој и беше домаќин и во 1908 и во 1948 година. Сега во центарот на вниманието е Рио де Жанеиро кој во 2016 година ќе биде организатор на 31 Олимписки игри.

Олимпиското знаме што на градоначалникот на Рио де Жаниеро Едуардо Паеш му беше предадено на затворањето на игрите во Лондон веќе пристигна во Рио што всушност претставува официјален старт на подготовките за следната Олимпијада во 2016 година.

Градоначалникот Паеш призна дека кога Рио победи на конкурсот не бил подготвен за таков голем настан. Но, како што вели, ветените проекти се градат интензивно.

„Им придаваме и секогаш ќе им придаваме голема важност на овие проекти до нивното завршување според она како што е планирано.“
Олимпијадата во Рио де Жаниеро ќе биде прва на територијата на Јужна Америка. Доколку успее, тогаш Игрите би можело да се организираат во Африка, последниот континент што не е „освоен“ од Олимпиското движење.

Но, останува да се види колку Рио ќе го надмине Лондон кој за својата организација ги доби највисоките оценки од претседателот на Меѓународниот Олимписки комитет Жак Рог:

„Лондон вети спортски игри и токму тоа го добивме. Прекрасно село, најсовремени стадиони, 44 светски и 117 олимписки рекорди. Историјата беше пишувана од многу спортисти.“

Олимпијадата во Рио де Жаниеро ќе биде прва на територијата на Јужна Америка. Доколку успее, тогаш Игрите би можело да се организираат во Африка, последниот континент што не е „освоен“ од Олимпиското движење.

„Рио е експеримент“, вели Герхард Хајберг, шеф на Комисијата на Меѓународниот олимписки комитет за маркетинг, додавајќи:

„Тоа е нешто ново. Никогаш немало таков голем настан во Јужна Америка. Ќе мора да сторат уште многу за подобрување на инфраструктурата. Се надеваме дека се ќе биде како што треба. Ако успее, одиме во Африка. Можеби во 2024 година.“

Кенијскиот премиер Реила Одинга деновиве најави дека главниот град на таа земја Најроби планира да се кандидира за домаќин на Игрите во 2024 година.

За Олимпијадата по Рио де Жаниеро, значи во 2020 веќе се кандидирани Токио, Мадрид и Истанбул и за нив ќе се решава во идната година.
Рио де Жаниеро

Рио де Жаниеро


Инаку, во Рио за прв пат ќе бидат вклучени и два нови спорта: рагби со седум наместо со 15 играчи и голф.

Критичарите велат дека овие два спорта, како и тенисот и кошарката веќе имаат свои елитни натпревари и не би требало да се дел од Игрите кои на пример за атлетичарите и пливачите остануваат единствена светска сцена. Прагматичарите пак, имаат свои силни аргументи: парите од спонзорите и ширењето на спортот.

Единствен спорт кој е во опасност кога во идната година во Буенос Аирес ќе заседава МОК е модерниот петобој, единствениот што специјално бил дизајниран за модерните Игри. Токму она модерното е несоодветно.

Овој спорт на истакнување на авантурите со кои се соочувал еден војник во 19 век бил измислен од баронот Пјер де Кубертен, основачот на првите модерни олимписки игри во 1896 година, и неговото задржување би било само заради сентиментални причини.

Сепак, она што останува главна грижа на Меѓунродниот олимпски комитет е зачувувањето на релевантноста, но и на солвентноста на најголемиот светски спортски фестивал во периодот на глобалната економска неизвесност.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG