Достапни линкови

Иран не ги сфаќа сериозно заканите од Израел


Официјален Техеран оцени дека се незериозни заканите од Израел за можен воен напад врз Иран, додавајки дека ако се случи таков непромислен акт, последиците ќе бидат оргомни. Портпарол на иранското министерство за надворешни работи денеска изјави дека можеби и некои израелски официјални претставници се залагаат за воена акција против Иран, но оти израелската влада нема да се реши на таков чекор бидејки знае со какви последици може да се соочи Израел.

До ваквиот одговор доаѓа откако во последниве денови зачестија изјавите на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и на министерот за одбрана Ехуд Барак дека сериозно се разгледува можен воен напад врз иранските нуклеарни постројки. Портпарол на Белата Куќа вчера изјави дека сеуште има простор за дипломатско решение на кризата со иранската нуклеарна програма.
XS
SM
MD
LG