Достапни линкови

logo-print

86-ти роденден на Кастро без негово појавување во јавноста


На Куба скромно и дискретно беше прославен 86-тиот роденден на бившиот лидер Фидел Кастро. Тој не се појави во јавноста, по што се зголемија шпекулациите за неговата влошена здравствена состојба. Честитки до Кастро упатија неговите сојузници, претседателите на Боливија и на Никарагва, Ево Моралес и Даниел Ортега, а претседателот на Венецуела Уго Чавез, разговарал со него по телефон. Фидел Кастро беше премиер на Куба од 1959-та до 1976-та година, потоа беше претседател, се до 2006-та, кога се повлече поради болеста, а функцијата ја превзеде неговиот брат Раул Кастро.
XS
SM
MD
LG