Достапни линкови

Џафери: Охридскиот договор најважна инвестиција за мирот


Муса Џафери

Муса Џафери

Охридскиот договор беше и останува најважна инвестиција за мирот и стабилноста на нашата држава, инвестиција која не само што доведе до прекин на конфликтот, туку ги изгради и темелите на едно ново општество и подобра иднина за сите што живеат во Република Македонија, изјави синоќа вицепремиерот задолжен за спроведување на Рамковниот договор Муса Џафери на свеченоста по повод 11- годишнината од потпишувањето на договорот.
Компромисот постигнат пред 11 години е основа на соживотот, гаранција за напредокот на нашето општество. Затоа суштинскиот показател дека Охридскиот договор ја исполнил својата главна цел е зачленувањето на државата во НАТО и ЕУ. Испраќаме порака до сите фактори, како домашни така и меѓународни за едно соединето партнерство во правец на исполнување на оваа цел, истакна Џафери.
На свечениот прием во Музејот на современа уметност присуствуваа членови на владата, претставници на политички партии, на дипломатскиот кор и на невладиниот сектор.
XS
SM
MD
LG