Достапни линкови

Сириските бунтовници заробиле пилот на владин воен авион


Сириските бунтовници соопштија дека го заробиле пилотот на владиниот воен авион за кој тврдеа дека го собориле. Тие објавија видео снимка со човек кој го идентификуваа како пилот Муфид Мохамед Сулејман, опколен од три вооружени лица. Пилотот изјавил дека добро се однесуваат спрема него и ги повикал сириските владини сили да пребегнат од режимот на претседателот Башар ал Асад. Автентичноста на видеото, прикажано на пан-арапската мрежа Ал Арабија, не може да биде независно потврдена.
XS
SM
MD
LG