Достапни линкови

Престрелка во Тексас, двајца загинати


Полицијата соопшти дека вооружениот напаѓач добил известување за иселување, пред да отвори оган во американската сојузна држава Тексас, при што убил еден полицаец. Според соопштението, напаѓачот и еден 65-годишен маж загинале во престрелката што се случи во близина на кампусот на универзитетот Тексас А&М во Колеџ Стејшн. Една жена и тројца полицајци биле ранети во престрелката, која доаѓа во период на национална вознемиреност поради оруженото насилство. Минатиот месец вооружено лице отвори оган во преполно кино во Колорадо, убивајќи 12 луѓе, а пред десетина дена напаѓач уби 5 лица во храм на сиките во Висконсин.
XS
SM
MD
LG