Достапни линкови

Доцни преместувањето на Коста Конкордија


Превртениот брод Коста Конкордија нема да биде преместен од италијанскиот тоскански брег така брзо како што беше планирано. Одделот на италијанската влада кој ќе го надгледува преместувањето, соопшти дека бродот ќе биде поправен и подготвен за пловење до крајот на пролетта идната година, наместо до почетокот на 2013 година, како што прогнозираа некои стручњаци.
Во јануари годинава Коста Конкордија се насука на брегот на островот Џиљо, а во инцидентот загинаа 33 лица. Италијанскиот капетан кој го управуваше луксузниот крузер се наоѓа под истрага поради убиство и напуштање на бродот.
XS
SM
MD
LG