Достапни линкови

logo-print

Ќе му се суди на поранешниот батлер на папата Бенедикт Шеснаесети


На поранешниот батлер на папата Бенедикт Шеснаесети ќе му се суди за кражба на документи со кои наводно се потврдува широко распространетата корупција во Римокатоличката црква. Освен на него ќе му се суди на уште еден вработен во Ватикан, кој е обвинет за соучесништво. Поранешниот батлер на папата, Паоло Габриеле, беше уапсен во мај, откако полицијата кај него пронајде доверливи документи. По неговото апсење, Ватикан нареди истрага за случајот кој ја потресе Светата Столица. Ако биде осуден, ќе добие казна затвор од шест години. Според законите во Ватикан, папата може да го запре судскиот процес или да го помилува Габриеле.
XS
SM
MD
LG