Достапни линкови

logo-print

САД: Рамковниот договор го отвори патот за Македонија


Амбасадор на САД во Република Македонија Пол Волерс

Амбасадор на САД во Република Македонија Пол Волерс

Рамковниот договор го отвори патот за Македонија да напредува кон тоа да стане стабилна, мултиетнички, мултикултурна, мултирелигиска земја и да ја исполни целта за целосна интеграција во евро-атлантската заедница, се наведува во соопштението на американската Амбасада во Скопје, по повод 11 години од потпишувањето на Рамковниот договор. Единаесет години подоцна, Македонија се соочува со бројни предизвици и уште еднаш, визијата и храброста на политичките лидери се важни за совладувањето на тие предизвици. Ние ги поздравуваме граѓаните и лидерите, кои ги ставaaт настрана сопствените разлики во потрагата по демократија. Македонија ги има САД на своја страна, пишува во соопштението од американската Aмбасада.

Од СДСМ велат дека Рамковниот договор имаше и успони и падови во овие 11 години. За СДСМ тој е една од клучните бази во општеството кој што гарантира стабилност за државата.

„Ние мислиме дека рамката што ја дава Охридскиот рамковен договор е доволно широка. Таа мора доследно да се имплементира, да не се партизира и политизира како што имаме тенденција со оваа власт на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ“, изјави Гордан Гоергев потпретседател на СДСМ.
XS
SM
MD
LG