Достапни линкови

Ал Каеда одговорна за насилствата во Ирак


Огранокот на Ал Каеда во Ирак ја презеде одговорноста за новиот бран на насилства во земјата во јуни и јули. Тие соопштија дека тоа е дел од новата офанзива против владата предводена од шиити. Во соопштение објавено на нивната интернет страница, велат дека стојат зад минатомесечниот напад чија цел беше анти терористичката единица во Багдад. Освен за овој напад, милитантите соопштуваат дека се одговорни и за 27 престрелки и други напади врз владини и безбедносни претставници од 17 јуни до 20 јули. Министерството за здравство на Ирак соопшти дека во напади од милитанти во јули загинале 325 Ирачани во јули, што го прави најкрвав месец во последните две години.
XS
SM
MD
LG