Достапни линкови

Пожарот се приближува кон Радуша


Илустрација.

Илустрација.

Пожарот во атарот на селото Радуша се шири кон селото. Побарана е интервенција и по воздушен пат, информираат од Центарот за управување со кризи.

Нов пожар има кај Македонски Брод, меѓу селата Боровска Брезница и Тажево. Се уште е активен пожарот во атарот на село Стрима, а поради непристапниот терен гаснењето се одвива отежнато. Побарана е интервенција од воздух.
Активен е и пожарот во Велешкиот регион кој избувна вчера кај селото Бањица.
Изгаснат е шумскиот пожар помеѓу скопските села Горно и Долно Свиларе.
XS
SM
MD
LG