Достапни линкови

Сузана Ѓорѓиевска добитник на наградата „Живко Чинго“ за најдобар расказ


Сузана Ѓорѓиевска, добитник на наградата на манифестацијата „Вечер на Чинго“.
Сузана Ѓорѓиевска, добитник на наградата на манифестацијата „Вечер на Чинго“.

Сузана Ѓорѓиевска, за расказот „Богу верен, в брани силен“, е добитничка на наградата за најдобар расказ „Живко Чинго“. На писателката од Прилеп ова и е второ последователно признание на анонимниот конкурс што се одржува во рамките на манифестацијата „Вечер на Чинго“ што општина Охрид ја организира во Велгошти – родното место на големиот македонски писател, романсиер и раскажувач.

Од вкупно 55 пристигнати дела, „Богу верен, в брани силен“ на авторката Сузана Ѓорѓиевска е добитник на наградата за најдобар расказ „Живко Чинго“ за 2012 година. Расказот на конкурсот бил пријавен под шифра „Огниште и пак огниште“, а одлуката за наградата што се доделува во рамките на манифестацијата „Вечер на Чинго“ ја донесе тричленото жири во состав Иван Џепаровски, Венко Андоновски и Славе Ѓорго Димоски. Во нивното образложение се вели дека „Богу верен, в брани силен“ се издвојува од останатите според својата уметничка постапка, како и според желбата на еден поинаков начин да се проговори за состојбите во Охрид во времето на Прличев.
Наградата која го носи името на нашиот голем раскажувач со единствен стил чии дела се високо вреднувани за мене претставува голема чест. Расказот кој годинава го испратив на конкурсот под шифрата „Огниште и пак огниште“ е сместен во Охрид во 1868 година и поврзан е со името на Григор Прличев. Значи, поврзав раскажувач и поет. Му го дадов на Живко Чинго неговиот Охрид, неговиот претходник кој успеал борејќи се во училиштата и во црквите своевремено да го донесе мајчиниот јазик. Се потрудив околу расказот затоа што го напишав на охридско наречје и задоволството е уште поголемо затоа што наградата доаѓа по вложен труд.
Сузана Ѓорѓиевска, писателка.

„Тој е локално поставен, меѓутоа со една универзална вредност“ - ќе забележи Џепаровски.

Од друга страна, особено интересно е што авторката Сузана Ѓорѓиевска, втора година по ред е победник на овој конкурс што го распишува општина Охрид. Минатата 2011 година, таа, наградата за најдобар расказ „Живко Чинго“, ја доби за делото „Влегување во песната“.

„Наградата која го носи името на нашиот голем раскажувач со единствен стил чии дела се високо вреднувани за мене претставува голема чест. Расказот кој годинава го испратив на конкурсот под шифрата „Огниште и пак огниште“ е сместен во Охрид во 1868 година и поврзан е со името на Григор Прличев. Значи, поврзав раскажувач и поет. Му го дадов на Живко Чинго неговиот Охрид, неговиот претходник кој успеал борејќи се во училиштата и во црквите своевремено да го донесе мајчиниот јазик. Се потрудив околу расказот затоа што го напишав на охридско наречје и задоволството е уште поголемо затоа што наградата доаѓа по вложен труд.“
Mанифестацијата „Вечер на Чинго“.
Mанифестацијата „Вечер на Чинго“.

Сузана Ѓорѓиевска е медицинска сестра и писателка од Прилеп и досега зад себе има три книжевни објави – стихозбирките „Сенки“ и „Срна“ и романот за деца „Сонувачот, купувачот и уште нешто“. Таа дополнува дека наскоро и обата наградени раскази ќе бидат печатени во нејзината нова книга.
Идејата на оваа манифестација е да се зачува делото на Живко Чинго, генерациите нови автори да го продолжат она што тој го дал во македонското творештво и ја организираме како и како културен и како уметнички настан.
Ванчо Јовановски, советник за култура во општина Охрид.

„Овие раскази, и годинашниот и претходниот со кој учествував на конкурсот, ми се собрани во необјавена збирка на раскази која чека печатење а носи наслов Влегување во песната.“

Инаку, доделувањето на оваа награда е во рамките на културната манифестација „Вечер на Чинго“ што годинава по 24 пат се одржува во Велгошти, родното место на авторот на „Пасквелија“, „Семејството Огулиновци“, „Сребрени снегови“, „Големата вода“, „Кенгурски скок“, „Макавејски празници“, „Бабаџан“ и други капитални дела на македонската литература.

„Идејата на оваа манифестација е да се зачува делото на Живко Чинго, генерациите нови автори да го продолжат она што тој го дал во македонското творештво и ја организираме како и како културен и како уметнички настан“, вели Ванчо Јовановски, советник за култура во општина Охрид.

Тој истакнува дека во годините наназад, во дворот на црквата Света Петка во Велгошти, досега настапиле бројни уметници и изведувачи како етно-составот „Портал“, гитаристот Дамјан Пејчиновски, актерот и режисер Љупчо Тодоровски Упа, Вангел Мачковски – македонски мулти инструменталист кој повеќе од три децении живее и настапува во Шпанија и во останатите европски земји и други уметници.

Кон ова само уште информацијата дека на 25-годишнината од востановувањето на наградата „Живко Чинго“ ќе бидат објавени сите досега наградени раскази вклучувајќи го и оној што ќе биде одбран догодина на конкурсот што е планирано да биде распишан неколку месеци порано од досега вообичаениот термин.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG