Достапни линкови

Неизвесно одржувањето на Охридскиот пливачки маратон


Архивска фотографија: Охридски пливачки маратон.
Архивска фотографија: Охридски пливачки маратон.

Иако во Охрид почнаа да пристигнуваа дел од маратонците, виси во воздух одржувањето на 23-от Охридски пливачки маратон. Причина се парите.

Виси во воздух одржувањето на 23-от Охридски пливачки маратон, најголемата спортска манифестација во Македонија. Од пливачкиот клуб Охридски бранови кои се технички организатори на маратонот испратија ултиматум до Пливачката федерација на Македонија дека ако до четврток не ги добијат потребните средства и не им биде исплатен и долгот од минатата година нема да го организираат маратонот. Ова се случува на само пет дена до неговиот старт. Никола Маленко е од организациониот одбор на маратонот.
Ситуацијата е недефинирана, односно крајно критична. За одржување на годинашниов маратон се потребни околу 20.000 евра, со тоа што ги побаруваме и ланските 280.000 денари. Во оваа ситуација, како што ни предлагаат од Пливачка федерација на Македонија, да ни исплатат на рати, тоа не доаѓа предвид, поучени пред сè од минатата година.
Никола Маленко, организационен одбор на маратонот.

„Ситуацијата е недефинирана, односно крајно критична. За одржување на годинашниов маратон се потребни околу 20.000 евра, со тоа што ги побаруваме и ланските 280.000 денари. Во оваа ситуација, како што ни предлагаат од Пливачка федерација на Македонија, да ни исплатат на рати, тоа не доаѓа предвид, поучени пред сè од минатата година“, вели Маленко.
Никола Маленко, оргaнизационен одбор на пливачкиот маратон во Охрид.
Никола Маленко, оргaнизационен одбор на пливачкиот маратон во Охрид.

Дел од маратонците почнаа да пристигнуваат во Охрид за маратонот кој не се знае дали ќе се одржи. Маленко додава дека единствено што добиле од Федерација е листата на учесници, 32 на број, меѓу кои и десеткратниот победник, Бугаринот Петар Стојчев. Неодржувањето на маратонот ќе биде од голем срам за Македонија во светот, а ќе биде срамно и за претседателот на државата кој е покровител на маратонот, додава Маленко.

„Имам информации дека пливачи веќе почнале да доаѓаат во Гранит, помеѓу кои и фаворитката Гелио Пилар од Аргентина. Ако се направи таков кикс, тоа е голема флека и за претседателот на државата како институција. Не само што ќе следува санкција од ФИНА, тоа ќе биде меѓународен срам и за претседателот. Ниеден претседател досега не кикснал, јас не би сакал и Иванов да киксне“, вели Маленко.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Лазе Попоски повикува за подомаќинско работење за да не се појавуваат вакви проблеми.

„Ако имаме други пристапи кон работењето и ако остануваме должни кон некои луѓе по две години, а знаеме дека средства биле обезбедени, а не биле исплатени, тогаш проблемите не се до спонзорите, тие се на некое друго место. Секој треба да има став дека е голема чест да се биде дел од тоа, а не став дека тој треба да направи некои други моменти со кои ќе го доведе во прашање дигнитетот на маратонот“, вели Попоски.

Охридскиот пливачки маратон после оној во Канкун е со најдобри услови за пливање. До 2004 година важеше за еден од најдобрите во светот после оној во Атлантик Сити, но неговото реноме, според добрите познавачи на приликите, е паднато. Наградниот фонд за охридскиот маратон е 25.000 долари.
XS
SM
MD
LG