Достапни линкови

Сириски борбен авион се урнал во источна Сирија


Сириски борбен авион се урнал во источна Сирија, соопштија државните медиуми. Авионот се урнал само неколу часа, откако бунтовниците соопштија дека застрелале авион во истата област. Државната телевизија изјави дека авионот се урнал поради технички проблеми за време на „редовната мисија.“Државната новинска агенција САНА, пак, соопшти дека пилотот бил исфрлен од авионот и дека во тек е потрагата по него. Во меѓувреме, сириските активисти објавија видео за кое тврдат дека покажува како паѓа владиниот авион.
XS
SM
MD
LG