Достапни линкови

Критики за Иран за справување со земјотресот


Иранските парламентарци од регионoт погоден од земјотреси, денеска ги критикуваа напорите на земјата за справување со последиците од земјотресот. Повеќе од 300 луѓе загинаа во двата земјотреси во северниот дел на Иран. Пратениците од регионот обвинивуаат дека помошта во погодениот регион дошла премногу доцна. Според нив бројот на жртвите ќе бил помал ако на катастрофата се одговорело правилно и навремено. Освен тоа тие обвинуваат и за недостаток на шатори, па така 16 илјади луѓе се уште без домови. Критики упатиле и до државните медиуми кои не го покриле настанот навремено. Претседателот на парламентот Али Лариџани, побара од официјалните лица да ги поправат недостатоците.
XS
SM
MD
LG