Достапни линкови

Граѓанската иницијатива „Аман“ ќе протестира против поскапувањата


Граѓанската иницијатива „Аман“ бара од Регулаторната комисија за енергетика да ги намали цените на електричната енергија, парното греење и на горивата во согласност со стандардот, а во спротивно најавува протести пред седиштето на Регулаторната комисија и низ Македонија.
Од „Аман“ соопштуваат дека се собрале самоиницијативно преку социјалните мрежи и решиле од утре, па секој нареден вторник на плоштадот „Пела“ да организираат протесни собири на кои ќе го искажат својот револт од поскапувањето на парното, горивата и струјата.
Бараат да се врати евтината днeвна тарифа, да се врати цената на струјата од 2008 година, да се укине ставката „ангажирана моќност од 33 проценти“ во сметките за струја, да се врати цената на парното на нивото од 2008 година, итно да се повлече новиот Правилник на АД Топлификација, да се намалат цените на нафтените деривати во согласност со стандардот на живеење, да се запре со приватизација или докапитализација на целосниот енергетски сектор во сопственост на Република Македонија, да се инвестира во одржливи извори на енергија, геотермална енергија, енергија на ветер и соларна енергија.

Сите барања се упатени до РКЕ, а Владата едниствено е повикана за горивата бидејќи учествува во цените на нафтените деривати со акцизата.
XS
SM
MD
LG