Достапни линкови

Милчин со тужби против Лустрациска и Аџиев


Владимир Милчин.

Владимир Милчин, кој со решение на Комисијата за верификација на факти беше прогласен за соработник на тајните служби, ќе поднесе тужба до Управниот суд против Комисијата и кривична пријава против нејзиниот претседател Томе Аџиев.
Милчин тврди дека Аџиев затајува документи со кои се тврди дека Милчин не бил и не е соработник со тајните служби.
Според него, штетите од лустрацијата вака како што ја спроведува Комисијата, нема да завршат на компромитирањето на 10 - тина луѓе, туку ќе се шират и ќе се одразат на институциите на системот и можат да ја разнишаат државата.
XS
SM
MD
LG