Достапни линкови

Тргни-застани во економските односи со Косово


Архивска фотографија: Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и косовската претседателка Атифете Јахјага на средба во Приштина на 10 јануари 2012 година.
Архивска фотографија: Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и косовската претседателка Атифете Јахјага на средба во Приштина на 10 јануари 2012 година.

Дека економската соработка е проследена и со одредени проблеми потврдува и последната изјава на косовскиот министер за внатрешни работи Бајрам Реџепи дека Македонија го попречува отворањето на нов граничен премин со Косово.

Економската соработка меѓу Македонија и Косово треба да се подигне на повисоко ниво, сугерираат економистите, укажувајќи на важноста на Косово како трговски партнер на земјава. Позитивната економска размена меѓу двете земји се повеќе се должи на директниот контакт меѓу македонските и косовските бизнисмени, а не како резултат на добрата и традиционална соработка меѓу двете влади, посочува аналитичарот Висар Адеми.
Не е само до Косово, мислам дека оваа Влада не планира да инвестира во подобрување на текот на добра и на услуги до самиот финален клиент, зашто преку таквите инфраструктурни инвестиции би било поефикасно и подобро доставувањето на стоки и услуги. Мислам дека овие капитални инвестиции не се приоритет на оваа Влада.
Висар Адеми, економски аналитичар.

„Македонија и Косово имаат многу добри односи, но јас мислам дека тие се повеќе хаотични и ад хок што резултираат за позитивната трговска размена, зашто ние традиционално извезуваме на Косово, но од друга страна премногу малку увезуваме“, вели Адеми.
Министрите за внатрешни работи на Косово и Македонија, Бајрам Реџепи и Гордана Јанкулоска во Скопје на 14 мај 2010 година.
Министрите за внатрешни работи на Косово и Македонија, Бајрам Реџепи и Гордана Јанкулоска во Скопје на 14 мај 2010 година.

Од Сојузот на стопански комори велат дека економските односи меѓу двете земји се на завидно ниво и оти истите барем досега не се проследени со проблеми. Барање на сите комори е да се отвораат повеќе гранични премини оти тие ја олеснуваат размената на стоки и услуги, вели Мирче Чекреџи од Сојузот.

„Тоа го поддржуваме како идеја, зашто е во корист на економската соработка, колку што сум информиран од нашите членки, трговската размена си е во ред, си тече и сега засега ние како комора истата ја очекуваме како нормална“, вели Чекреџи.
Колку што сум информиран од нашите членки, трговската размена си е во ред, си тече и сега засега ние како комора истата ја очекуваме како нормална.
Мирче Чекреџи, Сојуз на стопански комори.

Но, дека економската соработка е проследена и со одредени проблеми потврдува и последната изјава на косовскиот министер за внатрешни работи Бајрам Реџепи дека Македонија го попречува отворањето на нов граничен премин со Косово. Аналитичарите велат дека изјавата е емотивна, но од друга страна посочуваат дека капиталните проекти не се приоритет на македонската влада.

„Не е само до Косово, мислам дека оваа Влада не планира да инвестира во подобрување на текот на добра и на услуги до самиот финален клиент, зашто преку таквите инфраструктурни инвестиции би било поефикасно и подобро доставувањето на стоки и услуги. Мислам дека овие капитални инвестиции не се приоритет на оваа Влада“, изјави Адеми.

На 1 август македонската Влада ги укина царинските давачки за увоз на вода за пиење и заварени цевки од Косово што беше ставен како реципрочна мерка, по одлуката на косовското министерството за трговија и индустрија за воспоставување на царински давачки за увоз на цемент. Владата соопшти дека укинувањето на царинските давачки е во духот на добрата соработка меѓу Македонија и Косово, а отстранувањето на царинските бариери меѓу двете држави го отвораат патот за подобра соработка во областа на трговијата. Но, според дел од економските аналитичари, воспоставувањето и отстранување на такви мерки кои ги практикуваат двете земји се со цел да имаат корист некои политички кругови на штета на севкупниот економски развој.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG