Достапни линкови

Претставници на ОН за хуманитарни работи во посета на Сирија


Бегалци од Сирија во Јордан.

Бегалци од Сирија во Јордан.

Шефицата на Агенцијата за хуманитарни работи на Обединетите нации ќе ги посети Сирија и Либан оваа недела, затоа што расте загриженоста дека таму се влошува хумнитарната состојба. Валери Амос, шеф на Канцеларијата на ОН ќе ги испитува ефектите од долготрајниот сириски конфликт на цивили кои останале во Сирија, но и оние кои избегале во соседните земји како што е Либан. Таа треба да се сретне со сириски официјални лица и претставници на сириската Црвената полумесечина за да разговараат за начините како да и се помогне на земјата. Според ОН над 2 милиони цивили се погодени од кризата, а повеќе од 1 милион се внатрешно раселени. Околу 140 илјади Сиријци избегале во Либан, Јордан, Турција и Ирак.
XS
SM
MD
LG