Достапни линкови

Египетскиот претседател разреши двајца генерали


Египетскиот претседател Мухамад Морси и маршалот Мохамад Хусеин Тантави

Египетскиот претседател Мухамад Морси и маршалот Мохамад Хусеин Тантави

Египетскиот претседател Мухамад Морси изјави дека неговата наредба за разрешување на двајцата врвни генерали било за доброто на државата. Говорејќи по сменувањето на моќниот шеф на вооружените сили маршалот Мохамад Хусеин Тантави и на шефот на Генералштабот Сами Анан, претседателот рече вооружените сили повеќе ќе се фокусираат во светата мисија за заштита на земјата. Тантави привремено раководеше во Египет откако претседателот Хосни Мубарак во минатата година беше соборен од таа функција. Морси кој за претседател беше избран во јуни годинава е член на Муслиманското братсво кое е во тензични односи со египетската војска.
XS
SM
MD
LG