Достапни линкови

Катимерини: ЕУ планира да ја жртвува Грција


Грчкиот премиер Андонис Самарас

Грчкиот премиер Андонис Самарас

Грчкиот весник Катимерини, повикувајќи се на неименувани американски извори, најавува дека европските земји, пред се Германија, планираат да ја избркаат Грција од еврозоната и да ја „жртвуваат“ како пример за другите. Според весникот, американската администрација била шокирана од ваквите планови и барале на Грција да и се даде повеќе време. Според информациите на Катимерини, германската одлука во врска со Грција може да се очекува во септември, при што САД, каде што претседателските избори се закажани за ноември, предупредувале дека протерувањето на Грција од еврозоната може да има влијание врз светската економија.
XS
SM
MD
LG