Достапни линкови

logo-print

Јапонија бележи пад на економијата


Јапонија извести дека економскиот раст за периодот април-јуни бил на пониско ниво од годишните проекции од 1,4 насто. Бруто домашниот производ пораснал за 0,3 проценти во однос на претходните три месеци. Тоа е пад од 1 процент во првиот квартал. Властите појаснија дека забавениот економски раст во третата по ред економија во светот се должи на умерената потрошувачка како резултат на минатогодишните катастрофи што ги предизвикаа земјотресот и цунами.
Извозот на земјата исто така претрпел последици и од бавното економско закрепнување на САД и должничката криза во еврозоната кои се двата најголеми пазари за економските производи.
XS
SM
MD
LG