Достапни линкови

Иран се справува со последиците од земјотресот


Во Иран се во тек операции за спасување на настраданите во двата земјотреса што ја погодија земјата во саботата во кои загинаа 20 лица, а над 2000 беа повредени. Министерот за внатрешни работи Мухамед Мустафа Наџар им рече на новинарите дека се завршени операциите за извлекување на преживеаните и дека во тек се операциите за обезбедување храна и за сместување. Повеќе од половина од 600 села колку што има во областа се разурнати, а на околу 16 000 лица им е потребно сместување а болниците се борат да се справат со повредените.
XS
SM
MD
LG