Достапни линкови

30-те Олимписки игри во Лондон свечено затворени


Со голем спектакл синоќа во Лондон завршија 30-те Олимписки игри. На шоуто учествуваа повеќе од 4000 учесници меѓу кои и голем број познати британски музички групи. На настанот беше изгаснат олимпискиот оган и игрите официјално му беа предадени на Рио де Женеиро каде што ќе се одржат во 2016 година. На Олимпијадата во Лондон беа поставени нови 44 светски рекорди. Најголем број медали освоија САД, а по нив Кина и Русија.
XS
SM
MD
LG