Достапни линкови

Папата се помоли за жртвите во земјотреси и поплави


Папата Бенедикт Шеснаесети денеска им одаде почит на жртвите на земјотресот во Иран и на поплавите во Филипини и во Кина. За време на редовната неделна молитва тој изрази солидарност со сите погодени од „разорните несреќи“ кои зедоа голем број на жртви, а многу луѓе останаа повредени, без домови. Во земјотресот во Иран загинаа близу 230 луѓе, а илјадници се повредени. Од поројните дождови на Филипини загинаа 66, а 440 илајди се евакуираа. И истокот на Кина беше зафатен од тајфун, кој предизвика затварање на патиштата, прекин на струјата и прекин на сообраќајот.
XS
SM
MD
LG