Достапни линкови

Иран се справува со последиците од земјотресот


Иранските власти најавија дека прекинуваат со спасувачките операции и ќе се фокусираат на помош за настраданите и за обезбедување засолниште. Се распоредува итна помош, ќебиња, храна. Жителите велат дека дистрибуцијата на храна е подобра во споредба со тоа на шатори и ќебиња. Прекините на патиштата ги отежнуваат напорите помошта да стигне до тие на кои им е најпотребна.
Германскиот министер за надворешни работи, Гвидо Вестервеле изрази сочуство до неговиот ирански колега и понуди помош за справување со последиците од земјотресот. И рускиот претседател Владимир Путин, исто така, испрати телеграма со сочувство до иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад и понуди помош.
XS
SM
MD
LG