Достапни линкови

Мјанмар- Лидерката на опозицијата се сретна со претседателот


Лидерката на опозицијата во Мјанмар и добитник на Нобеловата награда за мир Аунг Сан Су Чи.

Лидерката на опозицијата во Мјанмар и добитник на Нобеловата награда за мир Аунг Сан Су Чи.

Лидерката на опозицијата во Мјанмар и добитник на Нобеловата награда за мир Аунг Сан Су Чи денеска се сретна со претседателот Теин Сеин на разговори зад затворени врати. Ова е нивна прва официјална средба откако Су Чи стана пратеник во Парламентот по изборите во април и откако е ослободена од домашен притвор во ноември 2010 година. На разговорите присуствувал и министерот Аунг Мин, кој помага во напорите да се решат етничките конфликти во северниот дел на земјата. Последните судири меѓу будистите и муслиманите во тој регион остави десетици мртви и илјадници раселени луѓе.
XS
SM
MD
LG