Достапни линкови

Иран ги намали бројот на жртви од земјотресите


Властите во Иран го ревидираа борјот на загинати од земјотресите кои вчера ја потресоа земјата. Според нив во земјотресите загинале 227 луѓеа, а 1.380 се повредени. Министерот за внатрешни работи Мохамад Мостафа изјави дека пребарувањето и спасувачките операции се завршени и сега напорите се свртени кон обезбедување на храна и засолниште за преживеаните. Тој додаде дека повеќе од половина од 600-те села во погодената област биле оштетени. Околу 16 илјади луѓе имаат потреба од засолниште.
XS
SM
MD
LG