Достапни линкови

Коњановски ги повика земјоделците да го осигураат родот


Заменик министерот за земјоделство Зоран Коњановски при посетата на селата во општините Дебарца и Струга погодени од невремето кое завчера го зафати регионот, ги повика земјоделците да си го осигураат родот. Иако, зависно од штетите, Владата ќе им врати на земјоделците средства во висина од десет од 20 проценти од уништените реколти, Коњановски истакна дека тоа не е решение за земјоделците.
„Осигуреното е најсигурно“, рече Коњановски.
XS
SM
MD
LG