Достапни линкови

logo-print

Авганистан- крајпатна бомба уби локален лидер


Во експлозија на крајпатна бомба во Авганистан загинаа гувернер на област, неговиот телохранител и племенски старешина. Нападот се случил во источниот дел на земјата. Загинал Фаридула Нијази, гувернерот на областа Алишенг во провинцијата Лагман, неговиот телохранител и племенски старешина, кој бил идентификуван само како Махмуд. Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот, но Нијази и порано беше цел на про-талибанските бунтовници.
XS
SM
MD
LG