Достапни линкови

logo-print

Вечерва се гасне олимпискиот оган


Лондон се подготвува за финалниот ден од Олимписките игри. Денеска е последниот ден од Летната Олимпијада. Денеска се борбите за злата во кошарка за мажи, бокс, ритмичка гимнастика, машка одбојка и слободно борење. Во финалето во машка кошарка САД ќе се натпреваруваат против Шпанија, што е повторување на финалето од Пекинг во 2008 година. Фреди Еванс од Велика Британија ќе се бори со Серик Сапијев од Казахстан за злато во финалето во бокс. Завршната церемонија за затварањето ќе започне во 21 и на завршницата ќе настапат 4.100 изведувачи. На церемонијата ќе има и примопредавање на следниот домаќин Рио де Жанеиро каде ќе се одржуват следните Летни Олимписки игри. На затварањето ќе настапат британските групи „Who“ и „ Spice Girls “, по што ќе биде изгаснат олимпискиот оган.
XS
SM
MD
LG