Достапни линкови

Министрите од Арапската лига држат итен состанок за Сирија


Кофи Анан.

Кофи Анан.

Министрите за надворешни работи од земјите членки на Арапската лига денеска ќе одржат итен состанок во Судан на кој ќе разговараат за кризата во Сирија. Тие треба да зборуваат за тоа кој ќе биде нов меѓународен претставник штпо ќе дојде на местото на Кофи Анан. Анан поднесе оставка откако неговиот предлог мировен план составен од шест точки не успеа да стапи на сила.
Во меѓувреме продолжуваат борбите меѓу владините сили и бунтовниците во сирискиот главен град Дамаск и во вториот по големина град Алепо.
Вчера од Истанбул, американскиот државен секретар Хилари Клинтон рече дека САД и Турција заедно работат на детални планови за поддршка на сириската опозиција. Клинтон изјави дека Вашингтон и Анкара исто така се подготвуваат да одговорат на можниот пад на режимот на претседателот Башар ал Асад, на можната употреба на хемиско оружје како и на зголемувањето на бројот на бегалците.
XS
SM
MD
LG