Достапни линкови

Најмалку 250 жртви од земјотресот во Иран


Спасувачките екипи во северозападниот дел на Иран се во потрага по преживеани од двата силни земјотреси што послeдователно ја потресоа земјата. Најмалку 250 луѓе загинаа, а повеќе од 1.800 се повредени. Заменик министерот за внатрешни работи Хасан Кадами соопшти дека биле погодени вкупно 110 села. Комуникацијата со многу села е прекината, а тоа ги отежнува и напорите за пронаоѓање на преживеани. Луѓето останале на отворено во текот на ноќта од страв да не има и други потреси. Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад ги повика властите да ги мобилизираат сите напори за да му се помогне на погоденото население.
XS
SM
MD
LG