Достапни линкови

Фудбалер од Јужна Кореја ќе остане без медал


Меѓународниот олимписки комитет побара од претставниците на Јужна Кореја да не му го доделат бронзениот медал на еден од фудбалските репрезентативци од оваа држава, затоа што на натпреварот за третото место носел знаме со политичка порака. Во соопштението не се прецизира за кој фудбалер станува збор.
Воочи натпреварот во Кардиф, во кој Јужна Кореја ја победи Јапонија со 2:0 се проценуваше дека овој натпревар може да ги зголеми тензиите меѓу двете држави. Според наводите на МОК, фудбалерот носел јужнокорејско знаме со натпис дека групата на мали острови околу кои се спорат Токио и Сеул , и припаѓа на неговата земја.
XS
SM
MD
LG