Достапни линкови

logo-print

Два силни земјотреси во Иран


Два силни земјотреси го погодија северозападниот дел од Иран, предизвикувајќи паника меѓу 1, 5 милнионите жители на градот Тибрис како и долж границата со Ерменија. Првиот земјотрес е измерен на 6,2 степен по Рихтер со епицентар на 60 километри од градот а вториот на 6 степени.
Земјотресот бил почувствуван дури и во главниот град на Ерменија, Ереван каде што ги натера луѓето да ги напуштат домовите и да излезат на улица.
Ерменските власти рекоа дека првичните извештаи не говорат за поголеми штети предизвикани од земјотресот.
XS
SM
MD
LG