Достапни линкови

logo-print

САД и Турција планираат зони за забранети летови


САД и Турција размислуваат за ваведување зони за забранети летови како и за други мерки со кои би им помогнале на бунтовничките сили во Сирија.
Американскиот државен секретар Хилари Клинтон по средбата со турскиот министер за надворешни работи, Ахмет Давутоглу во Истанбул, рече дека Анкара и Вашингтон имаат намера да го прошират оперативното планирање за помош на бунтовниците кои се борат за соборување на сирискиот претседател Башар ал-Асад. Клинтон изјави дека двете земји делат иста стратешки цел а тоа е „побрз крај на насилствата" и крај на режимот на Асад.
XS
SM
MD
LG