Достапни линкови

Путин им вети купување на нови борбени авиони


Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска ги повтори ветувањата за опремување на воздухопловните сили на земјата со нови борбени авиони. Говорејќи на церемонијата по повод одбележувањето на 100-годишнината од руските воздухопловни сили, Путин рече дека војската ќе добие околу 600 нови авиони и 1.000 борбени хеликоптери до 2020 година. За време на кампањата во почетокот на годинава, Путин вети дека ќе се потрошат стотици милијарди долари за модернизација на вооружените сили. Тој, денеска вети и зголемување на социјалните бенефиции за членовите на воздухопловните сили и нивните семејства Утре е 100-годишнината од постоењето на воздухопловните сили на Русија.
XS
SM
MD
LG