Достапни линкови

Пол Рајан - кандидат за потпретседател на САД


Кандидатот за претседател на САД од редовите на републиканците, Мит Ромни, го одбра конгресменот Пол Рајан за негов потпретседателски кандидат. Тимот за водење на кампањата на Ромни, денеска ја потврди информацијата. 42-годишниот Рајан е пратеник од Висконсин и претседател на комисијата за буџет на Претставничкиот дом на САД .
За четири дена, поранешниот гувернер на Масачусетс, Ромни, ќе ја започне четиридневната турнеја со автобис низ неколкуте клучни држави - Вирџинија, Северна Каролина, Флорида, и Охајо.
Ромни и Рајан ќе се соочат со претседателот Барак Обама и со потпретседателот Џо Бајден на ноемвриските претседателски избори.
XS
SM
MD
LG