Достапни линкови

logo-print

Нови владини најави за помош на земјоделието


Од идната година земјоделците ќе може да набавуваат механизација со кофинансирање и преку ИПАРД Програмата. За оваа намена во периодот 2013 – 2016 година се предвидени околу 14 милиони евра, средства што ќе значат дополнителна помош и за развој на земјоделството, најави заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски
Проектираната сума, додаде, ќе може да ја користат земјоделците кои се занимаваат со сточарство, овоштарство и лозарство. Процентот за кофинансирање ќе биде 50 до 55 отсто за младите земјоделци, 60 проценти за земјоделците од планинските подрачја и 65 отсто за младите земјоделци од планински подрачја.
XS
SM
MD
LG